Ребаланс на буџетот во октомври

Се прави преоценување на сите стапки во расходната и приходната страна., рече Елези.

134

Ребалансот на Буџетот ќе биде готов најдоцна до крајот на септември или почетокот на октомври, соопшти заменик-министерката за финасии Ширет Елези.

– Ребалансот на Буџетот е редовна пракса што се случува во текот на фискалната година. Се прави преоценување на сите стапки во расходната и приходната страна. Веќе сме во фаза на анализа во овој дел. Ребалансот на Буџетот ќе се лансира најдоцна во последната недела од септември или почетокот на октомври – рече Елези.

Премиерот Зоран Заев кој ја врши и функцијата министер за финасии, неодамна изјави дека со ребалансот ќе се издвојат повеќе пари за довршување на проектот гасификација на зејава каде што работите се одвиваат ос забрзано темпа и недостигаат пари.

– Знам дека одредени буџетски ставки мора да ги промениме. Најголем дел е заради максимализација на капиталните инвестиции. Имаме милијарда и пол денари предвидени за гасификација и ако не проектираме дополнителни средства, до октомври-декември, ќе останеме без пари за реализација на гасификацијата. А сакаме, бидејќи гасификацијата е важен проект во државата – рече Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...