РДФ отпадот запрен на Богородица ги задоволува европските стандарди

Мострите беа земени на 29.01.2020 година во вонреден инспекциски надзор на 15 камиони со отпад (РДФ) од Италија. Камионите беа запрени на влез на граничниот премин Богородица.

256

Aнализата на двете мостри од РДФ отпад направени во независната лабораторија на Естонија потврди дека испитаните параметри се во согласност со дозволените граници наведени во Европскиот стандард за Цврсти обновени горива EN 15359:2011, индформира Царинската управа.

Според стандардот, РДФ отпадот е класифициран во 5 дозволени класи врз основа на три параметри:
• нето калорична вредност (топлинска енергија при согорување на енергенсот, која укажува на перформансите на отпадот),
• содржината на хлор (кој укажува на техничкото однесување)
• содржина на жива (која укажува на влијание на околината)
во енергенсот.

Оттука според стандардот EN 15359:2011 првата испитана мостра од РДФ припаѓа на трета класа според нето калоричната вредност (во граници на нормала), четврта класа според содржина на хлор (во граници на нормала) и четврта класа според содржина на жива (во граници на нормала).

Втората испитана мостра од РДФ припаѓа на трета класа според нето калорична вредност (во граници на нормала), трета класа според содржина на хлор (во граници на нормала) и четврта класа според содржина на жива(во граници на нормала).

Согласно горенаведеното, мострите ги задоволуваат барањата на Европскиот стандард за цврсти обновени горива.

Мострите беа земени на 29.01.2020 година во вонреден инспекциски надзор на 15 камиони со отпад (РДФ) од Италија. Камионите беа запрени на влез на граничниот премин Богородица.

Мострите беа испратени во Истражен центар за животна средина во Република Естонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...