САД се подготвени да ги разгледаат новите санкции за Русија поради наводната вмешаност на таа држава во американските избори, изјави претседателот на Претставничкиот дом Пол Рајан.
– Спроведовме истрага за мешањето на Русија во нашите избори. Тие се вплеткаа, тоа е јасно, и за тоа не треба да постои сомнеж. Исто така е јасно дека тоа не влијаеше значително врз исходот на изборите. Како резултат на тоа, наметнавме санкции кон Русија, за да ги држиме за одговорни – изјави Рајан.
Тој посочи дека ако има некои други опции за санкциите дека ќе размислат за тоа.
Изјавата на Рајан доаѓа по билатералната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин, во Хелсинки, што се одржа вчера.
Трамп, по средбата со Путин, истакна дека ова е „добар почеток” во идните односи на двете земји.