Раст од 8,3 отсто на прометот во индустријата

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во бележи намалува за 1,4 отсто, додека на странските пазари бележи раст од 11,3 отсто.

106

Прометот во индустријата во мај годинава во однос на мај лани бележи раст од 8,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, бележи раст кај интермедијарните производи, освен енергија за 4,3 проценти, капитални производи за 13 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 процент.

Прометот во индустријата, во мај 2018 година, во однос на април 2018 година, бележи раст од 9,8 отсто, додека во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на периодот јануари – мај 2017 година, раст од 10,2 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во бележи намалува за 1,4 процент, додека на странските пазари бележи раст од 11,3 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...