Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првата половина од годинава изнесува 3.993.844.000 денари, што е за 345,1 процент повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари-јуни годинава градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 76.725.000 денари, што е за 88,5 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршувањето на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година.
Во првата половина од годинава е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Германија, Црна Гора и Бугарија