Раст на царинските приходи за 11отсто

Министерството за финансии заедно со Царинската Управа работи на воведувањето на безхартиено царинење и one stop shop на граничните премини.

80

До 22 август приходите од царини, ДДВ и акцизи се зголемени за 11отсто во однос на минатата година што е директен доказ за зголемената економска активност, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на денешниот состанок со директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танасоски.

На состанокот, како што соопштија од Министрството за финансии, биле дискутирани клучните придобивки од новите измени на Царинскиот закон кои стапија на сила од 11 август.

Компаниите имаат можност стекнатиот статус за овластен економски оператор да го користат во рамките на ЦЕФТА. Царинската Управа преку стопанските комори веќе го промовираше концептот со цел компаниите да се запознаат со неговите придобивки.

Во законот се намалуваат и казните за полесните прекршоци. Со промените, за пропуштен рок или неуредна документација глобите се намалени од 250 на 50 евра за правно лице и од 50 на 15 евра за физичко лице.

Министерството за финансии заедно со Царинската Управа работи на воведувањето на безхартиено царинење и one stop shop на граничните премини. Следната година се очекува да се завршат и градежните работи на нов терминал на граничниот премин Ќафасан со финансиски средства од ИПА програмата на ЕУ.

Клучно за подобрување на услугите на управите во рамки на Министерството за финансии е токму автоматизацијата на процесите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...