Прометот во индустријата во првата половина од годинава бележи раст од 11,9 проценти. Раст на прометот во индустријата е евидентиран и во јуни во однос истиот месец лани за 19,4 проценти, а во однос на мај годинава за 8,4 проценти.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст кај интермедијарните производи, освен енергија за 16,1 отсто, капиталните производи за 31,8 отсто, трајните производи за широка потрошувачка за 10,2 отсто и нетрајните производи за широка потрошувачка за 7,4 отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи зголемување од 0,7 проценти.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст кај трајните производи за широка потрошувачка за 7,1 отсто и нетрајните производи за широка потрошувачка за 4,7 отсто, додека опаѓање бележи кај интермедијарните производи, освен енергија за 1,5 отсто и капиталните производи за 29,4 отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2018 година, во однос на мај 2018 година, бележи пад од 0,1 отсто, а за првите шест месеци раст од 1,2 проценти.
Прометот во индустријата на странските пазари, во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, изнесува има раст од 25,7 проценти.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст кај интермедијарните производи, освен енергија за 23,8 отсто, капиталните производи за 33,7 отсто, трајните производи за широка потрошувачка за 19,7 отсто и нетрајните производи за широка потрошувачка за 9,2 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари, во јуни 2018 година, во однос на мај 2018 година, забележа раст од 11,3 отсто, додека во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на периодот јануари – јуни 2017 година, раст од 14,7 проценти.