Депозитите во банките во Македонија минатата година забележале раст од 10,5 отсто, покажуваат податоците на Народната банка.
Зголемувањето се должи пред сѐ на растот на депозитите во секторот домаќинства чие учество во вкупниот депозитен раст изнесува 88,5 отсто. Раст е евидентиран и кај денарските и кај девизните депозити.
Вкупно во декември депозитите на домаќинствата изнесувале 252,6 милиони денари, додека кај корпоративниот сектор 97,7 милиони денари.
Зголемување од 7,3 отсто лани има и кај кредитирањето на домаќинствата и на корпоративниот сектор. Во вкупното кредитирање домаќинставта учествуваат со 66,4, а корпоративниот сектор со 32,3 отсто.
Од вкупните кредити на домаќинствата, најголем дел се потрошувачки, станбени и кредитни картички.