Раст на индустриското произвоство од 4,2 отсто во октомври

Гледано по сектори, во октомври годинава споредено со октомври лани, опаѓање има во секторите „рударство и вадење камен“ за 11 отсто и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 5,5 отсто, а пораст од 7,8 отстово секторот „преработувачка индустрија“.

102

Индустриското производство во октомври годинава во однос на октомври лани е зголемено за 4,2 отсто, додека во периодот јануари-октомври споредено со истиот период лани бележи пораст од 5,4 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, во октомври годинава споредено со октомври лани, опаѓање има во секторите „рударство и вадење камен“ за 11 отсто и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 5,5 отсто, а пораст од 7,8 отстово секторот „преработувачка индустрија“.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 3,2 отсто, „капитални производи“ за 12.5 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 6,2 отсто, додека опаѓање бележи кај „енергија“ за 8,5 отсто и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 5,3 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...