Многу од производите кои се декларираат како посни, всушност не се посни. Иако би требало за вакви измами да се пропишат строги парични казни, со оглед на тоа што овие намирниците со овие натписи се во слободна продажба, веројатно тоа не е случај. Овие намирници всушност содржат траги од јајца, млеко, путер, свински и говедски желатин.
Една од најголемите заблуди се растителните сирења. Веројатно повеќе од 90 отсто од испитаниците би кажале дека нема дилеми дека е растителното сирење посно, меѓутоа, такво е единствено она од соја, додека повеќето други содржат натриум казеин. Станувазбор за протеин кој го има единствено во млекото, а на тие растителни сирења им се додава за да добијат тврдост. Сирењето со растителни масти е многу помеко и производителите му го додаваат овој протеин затоа што тој како стабилизатор и емулгатор е добар за да ја врзе водата од млекото и даја зацврсти структурата на производот.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey