Расте бројот на приведени лица за нападот врз градоначалникот на Солун

299

Расте бројот на идентификувани и приведени лица во врска со претепувањето на градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, извршено од ултранационалистите минатиот викенд, објави електронското издание на весникот „Катимерини”

Властите го идентификуваа идентитетот на дванаесеттемина осомничени за нападот на 19-ти мај. Против 22-годишен грчки државјанин ќе биде покренато обвинение за вербален напад и нарушување на јавниот ред.

Други тројца осомничени, на возраст од 20, 21 и 34 години, во петокот беа уапсени од полицијата.

Градоначалникот на Солун беше примен во болница, откако беше претепан за време на церемонијата за одбележување на годишнината од геноцидот на Пондите – грчко население од Мала Азија кое било протерано во почетокот од страна на Младотурците по што биле приморани да се отселат на север на територија на поранешниот СССР и во Грција.

Бутарис се залага за зајакнување на трговските врски со Турција, а на денот, на кој се оддава спомен на жртвите од геноцидот, тој им дозволи на членовите на ЛГБТ-заедницата да организираат геј-парада во Солун.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...