Бројот на мигранти и бегалци, кои пристигнуваат на грчките острови во источниот дел на Егејското Море, продолжи да се зголемува и во текот на изминатава недела.
Грчките власти соопштија дека од понеделник до утрово на островот Лесбос пристигнале 24 мигранти и бегалци. Во истиот перид 60 лица пристигнале на островот Хиос, додека на островот Самос не биле регистрирани новодојдени мигранти и бегалци.
Вкупно 2.006 мигранти и бегалци пристигнале на егејските острови од почетокот на април.