Расте бројот на жртви од невремето во Италија

100

Две лица загинаа откако поради невремето кое ја зафати Италија, проследено со силен ветер и дожд, врз нивниот автомобил паднало дрво.

Досега, во невремето во Италија загинаа вкупно 14 лица, објави АП.

Според тамошните медиуми, невремето во Италија, покрај тоа што досега предизивка поплави во повеќе градови, вклучувајќи го и Рим и Венеција, ги уништило и патиштата кои водат до живописното село Портофино.

Неколку европски земји беа погодени од силното невреме, меѓу кои Италија, а над десетина илјади домаќинства останаа без електрична енергија.

Голем број училишта беа затворени во повеќе италијански градови, меѓу кои и Рим. Невремето донесе и историско ниво на водата во Венеција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...