Дополнително се зголеми бројот на загинати од катастрофалните пожари на 23 јули во областа Атика и според противпожарната служба на Грција, изнесува 97 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
„Бројот на жртвите од пожарот во источна Атика, до овој момент достигна до 97 лица. Конкретно: бројот на идентификувани мртви е 83 лица, додека пак од хоспитализираните во болниците во Атика, до овој момент, починаа 14 лица“, соопшти противпожарната служба на Грција.