Расте бројот на жртвите во земјотресот во Иран

71

Најмалку 780 лица се повредени и меѓу 200 и 300 станбени згради се урнати при вчерашниот силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтерова скала, што ја погоди западната иранска провинција Керманшах,, во близина на границата со Ирак, соопштија попладнево властите во Техеран.

Иранскиот претседател Хасан Рохани издаде наредба да се преземат итни мерки за укажување помош на настраданите при земјотресот.

Рохани побара да се организира изградба на времени објекти за сместување на лицата кои останаа без своитe домови и да се обезбедат средства за задоволување нивните најнеопходни потреби.

Гувернерот на Керманшах, Хоушанг Базванд претходно денеска соопшти дека жртвите главно минале се полесни повреди и од нив само околу 20 се хоспитализирани. Тој информира дека по земјотресот дошло и до прекин на електричната енергија.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 40 километри, со епицентар во близина на местото Сарпол е Захаб, на 148 килоемтри североисточно од Багдад и на 101 километар од иранскиот град Илам.

Минатата година истиот регион го погоди земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтер, pри што загинаа над 600 лица, а 9.000 беа повредени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...