Рабарбара е растение кое поради своите лековити својства се користи во Кина веќе илјадници години, а во Европа е донесено од страна на Марко Поло.
Горчливите бело-црвени корени од ова заборавено овошје се одлични намирници за подготовка на необични јадења и зимници. Но, листовите од рабарбара треба дефинитивно да ги избегнувате затоа што се токсични и предизвикуваат повраќање.
Рабарбара содржи многу корисни киселини, како јаболкова киселина, ниацин, пантотенска киселина, фолна киселина, минерали (калциум, магнезиум, манган), полифеноли и витамини Б и Ц.
Хранливите влакна, протеините, витамините Ц и К, како и Б-комплексот, калциумот, калиумот, манганот и магнезиумот се доста важни за здраво функционирање на секој организам. А рабарбарата (или ревенот) е полна со нив. Исто така, таа е богат извор на полифенол, флавоноиди како што се бета-каротин, лутеин и зеаксантин.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.