Во Германија е регистрирано зголемување на бројот на хакерски напади врз т.н. „критична инфраструктура“ како електроенергетски мрежи и дистрибутери на вода, објави весникот Велт ам Зонтаг.
Според федералната агенција за кибербезбедност, Германија регистрирала 157 хакерски напади врз компании од критичната инфраструктура во втората половина од 2018 година во споредба со 145 напади за целата 2017 година.
Властите се сомневаат дека зад нападите стојат странски разузнавачки служби.
Во моментот Германија се обидува како да ги заштити мобилните мрежи од петта генерација и дали да исклучи продукти на кинескиот Хуавеи заради сомневања дека може да ја користат нивната техника за шпионажа. Од Хуавеи негираат какви било сомневања