Просечните каматни стапки на вкупните кредити и вкупните депозити во јуни се сведоа на 5,57 отсто односно 1,45 отсто, со што во однос на претходниот месец забележаа намалување од 0,04 процентни поени односно 0,01 процентни поени, соопшти Народната банка.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јуни изнесува 4,97 отсто, што претставува месечно зголемување од 0,04 процентни поени.
Од друга страна, по растот во мај, во јуни просечната каматна стапка на новопримените депозити оствари месечен пад од 0,14 процентни поени и изнесува 1,29 отсто, соопшти НБРМ.