Распукала земјата во должина од неколку километри, се чувствува мирис на гас

3500

По катастрофалниот земјотрес што Албанија ја погоди утрото на 26 ноември, во селото Јуб,во близина на Драч се појави несекојдневна појава. Земјата распука во должна од неколку километри, а мирис на гас сè уште се чувствува.

– Видовме голем пламен непосредно по земјотресот, што беше со интензитет од 6,4 степени и почувствувавме силен мирис на гас низ целата област. Земјата е распукана од нашето село па се до близина на Ѓири и Лазрит (Заливот на Лазри) – изјавија жители на селото.

Во некои делови пукнатината  е со широчина од еден метар а длабочината е до 20 метри.

Низ целото село се гледаат длабоки дупки а земјоделските површини се покриени со глина. Се уште се чувствува мирис на гас поради што жителите се преплашени.

Тие бараат во селото да дојдат стручни лица за да го објаснат овој феномен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...