Расправа во ПССЕ за начинот на организирањето на референдумите

54

Парламентарното Собрание на Советот на Европа се одлучи да расправа за начинот на организирањето на референдумите во земјите членки на организацијата, ова откако Советот на Европа забележа дека во некои земји, неодамнешните референдуми предизвикаа загриженост во однос на нивната организација и / или праведноста на исходот, јавува дописникот на МИА.

Известувачката британската парламентарка Шерил Гилан, нагласува дека „референдумот мора да биде дел од процесот на претставничка демократија и да не биде користен од извршната власт да ја надмине волјата на парламентот, ниту да биде организиран за да ги избегне вообичаените проверки и рамнотежи.

Меѓу примерите дадени за неодамнешните референдуми, покрај фамозниот британски референдум за „Брегзит“, кој најмногу доведе до оваа дебата, беше даден од известувачката во извештајот и референдумот во Македонија за ратификацијата на Преспанскиот договор. Односно како случај  во  кој референдумските прашања не следат фиксен формат и се одредуваат од случај до случај. Кога референдумот го свикува законодавецот, најчесто тој е оној кој  решава за прашањето што се поставува на гласање. Сегашниот Кодекс кој е стар десетина години изработен од Венецијанската комисија не дава насоки за процедурите што треба да се следат во овој поглед.

Ова според ПССЕ е јасен недостаток кој треба да се надополни: потребни се проверки за да се обезбеди усогласеност со принципите утврдени во кодексот. Тука е наведен примерот со Македонија, Грција или Унгарија,  каде оние кои го организираа референдумот ризикуваат да го свртат прашањето во нивна полза. Односно, обвинувања за манипулација со формулацијата на референдумските прашања,

Во Грција рефрендумското прашање стана бесмислено, во Унгарија се наведува примерот со квотата за мигрантите или за Македонија

Грчкото референдумско прашање го прави (речиси) нема смисла , BBC News, 29 јуни 2015 година, во Унгарија или во Македонија  примерот со изјавата  на Обединетата македонска дијаспора дека „бојкотирање на референдумот за името на Македонија е единственото решение“. Затоа според ПССЕ потребен е независен процес за одредување на прашањето на референдумот за да се избегне различно толкување на референдумот.

Во дебатата за референдумите се вклучи и македонскиот пратеник Бетиан Китев, кој конкретно се осврна на оваа проблематика.

Притоа ПССЕ покрај другите препораки, препорачува три видови на промени:

– Кодексот на добри практики за референдуми на Венецијанската комисија, донесен во 2007 година, треба да се ажурира за да се земе во предвид развојот на настаните во врска со развојот на интернетот и социјалните медиуми, и да се одрази важноста да им се даде на гласачите јасни и квалитетни информации;

– Потребно е да се подобри усогласеноста со Кодексот од страна на земјите-членки. Ограничувања на владините кампањи и потребата да се обезбеди независноста на телото за надгледување на референдум и неговата надлежност  да ги спроведува правилата, вклучувајќи го и правото да ги казнува повредите; и

– Конечно, во областите каде што законските одредби не се соодветни, можно е да се премине на споделување на најдобрите практики помеѓу земјите, особено во однос на методите за стимулирање на учеството на граѓаните во демократска дебата, како пред одржувањето на референдумите, така и за време на кампањата, на пример преку собири на граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...