Рапидно зголемување на невработеноста во Турција

64

Бројот на невработени во  Турција се зголеми  во јануари до речиси 10-годишен врв од 14,7 отсто, што е јасен доказ дека се подлабоката економска рецесија се одразува негативно и на пазарот на трудот во земјата.

Бројот на невработените Турци се зголеми во јануари 2019-та година од 1,259 милиони на 4,668 милиони во однос на почетокот на претходната година, и со тоа нивото на невработеност скокна до речиси 10-годишен врв од 14,7 отсто во однос на 10,8 отсто една година порано и во споредба со 13,5 отсто во декември 2018 година.

Невработеноста кај младите (на возраст меѓу 15 и 24 години), се зголеми во изминатите 12 месеци до јануари од 6,8 отсто до 26,7 отсто, а невработеноста кај луѓето на возраст меѓу 15 и 64 години се зголеми од 3,9 отсто на 15 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...