Албанскиот премиер Еди Рама на денешната промоција на нови возила за полицијата, најави донсеување закон за формирање, како што рече, суперспецијална единица за заштита на редот и борба против силните, нагласувајќи дека се разгледува и можноста за формирање жандармерија.
-Потребна е интензивна, силна реакција протв силните. Многу набрзо ќе доставиме до Собранието нов проект за формирање друга специјална едница за брза реакција, специјална суперсила која ќе се бори против сите оние кои ја вознемруваат заедницата и кои имаат кривични прјави или имаат криминални профили врз кои државната полиција секојдневно треба да делува превентивно – рече Рама на свеченоста пред голем број полициски службеници.
Од друга страна, посочи Рама, треба да се продолжи и да се финализира дискусијата за жандармерија, за да се донесе конечна одлука, по многу дебати во минатото, дали е потребна или не.
– Ова е тема која заслужува дебата без да се губи време – рече Рама.
Тој се задржа и на последните протести на жителите од населбата Астир,чии домови треба да се урнат за да се изгради голема обиколница во Тирана, посебно насилните протести пред два дена пред Собранието,во кои беа повредени 15 полициски службеници. Рама ја обвини опозицијата за нивно поттикнување.
Пред полицајците зборуваше новот министер за внатрешн работи, Самдер Леши, кој упати апел до опозицијата да биде поддршка на полицијата, наместо да се „здружуваат со насилниците кои делуваат протв законот и полицијата“.
Албанската полиција доби 134 нови автомобили и 30 мотоцикли.