Албанскиот премер Еди Рама експресно реаграше на непотпишувањето на уредбата за именување нов министер за Европа и надворешни работи од страна на претседателот на Албанија, Илир Мета, нареквајќи ја таквата постапка неуставна и срамна.
– Отфрлањето на уредбата за новиот министер за Европа надворешни работи од страна на претседателот не е само неуставено, туку и срамно. Аргументите дадени од страна на господинот претседател се застрашувачки на скандалозно ниво и срамно за нивото на институцијата. Извинување до Косово за овој срам!, напиша Рама на Твитер.
По предлог на Рама, шефот на државата потпиша укази за именување на еден вице премиер, шест нови министри и еден државен министер, но не и за назначување на Косовецот Гент Цакај за министер за Европа и надворешни работи на местото на Дитмир Бушати.
Според Мета, Цакај нема доволно искуство за ова многу значајна функција и застапува непрфатлв став околу прашањето за косовските гранци.
Дел од медиумите наведуваат дека Цакај, кој му беше заменик на Бушати, ја подржувал идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи за промена на границите на Косово.
Според албанските месиуми, Рама решил да го смени Бушати поради неговиот став околу определувањето на морската граница со Грција, односно противењето да и се отстапи дел од територијата на Албанија на грчката страна.
Покрај, Мета и дел албански аналитичари и дпломати сметаат дека Цакај не е соодветна замена за Бушати, поради недостигот на дипломатско искуство.
Фото: EPA/EFE/FILIP SINGER