Рама: Северна Македонија е пријател и стратешки незаменлив партнер за Албанија

49
Photo: EPA-EFE / FILIP SINGER

Република Северна Македонија за нас не е само земја сосед, туку и пријател и стратешки незаменлив партнер, изјави албанскиот премиер Еди Рама на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, кој престојува во официјална посета на Албанија.

– Односите меѓу двете земји се базираат на трајни принципи и вредности, кои не обединуваат како држави, кои и припаѓаат на Европа и кои ќе бидат заедно во европското семејство, изјави Рама, пренесува агенцијата АТА.

Нагласи дека посетата на премиерот Заев доаѓа во момент на значајното историското постигнување како што е Преспанскиот договор и отворањето на патот за Северна Македонија кон НАТО, за што, потсетува, Албанија веќе го ратификуваше Протоколот за пристапување во Алијансата.

– Ова големо историско достигнување е плод на лидерството на Заев и на нашиот заеднички пријател Ципрас. Со Договорот од Преспа беше надминат долгогодишниот ќорсокак и се отвори патот  за членство на Северна Македонија во НАТО. Тоа исто така созададе и голема позитивна енергија за натамошен напредок на заедничкиот пат за интеграција во ЕУ, истакна меѓу другото Рама.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...