Рама не се откажува од датумот на избори: на 31 мај почнува изборната кампања

222
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Албанскиот премиер Еди Рама не се повлекува пред барањето на опозицијата за одложување на локалните избори закажани за 30 јуни.

Тој денеска најави дека неговата Социјалистичка партија(ПС),која ја предводи коалицијата „Алијанса за европска Албанија“,во која се 24 партии, на 31 мај ја почнува изборната кампања за избор на градоначалници и членови на Советите во 61 општина.

На состанокот со парламентарната група Рама ја презентирал изборната програма при што побарал да бидат организирани средби низ целата територија на земјата, на кои ќе се убедат гласачите да излезат на гласање и да им се објасни за тоа што им се заканува доколку се обидат да му наштетат на изборниот процес. Дури едно од прашањето што треба да се разговара на средбите со електоратот ќе биде и можноста да им биде забранет влез во САД и ЕУ ако тие го нарушат изборниот процес на 30-ти јуни.

Како и на саботната средба со кандидатите за градоначалници, Рама порачал пратениците да не дозволат да бидат провоцирани од поддржувачите на опозицијата и во случај на инциденти истите да ги регистрираат.

Започнувањето на изборната кампања доаѓа во време на кулминација на политичките тензии во земјата. Опозицијата на 25 мај ќе го одржи шестот национален протест, по што најави радикализација на своите актвности, а обновување на протестите најавија и студентите.

ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...