Рама и Бериша со најмногу навредлив речник во парламентот

72
ФОТО: EPA/Pawel Supernak

Албанското собрание, кое бори 140 народни избраници, познато е по жешките распарви, инциденти, тензични ситуации за чие смирување мора да интервенира обезбедување, па дури и припадниците на Националнат гарда,поради што ништо невообичаено не е пратениците да се обраќаат еден кон друг со навредливи и погрдни зборови, објави порталот Албеу.

Постои и список во кој се подредени пратениците кои повеќе или помалку се однесувале недолично со своите обраќања во парламентот.

– Списокот го предводи премиерот Еди Рама, кој дури седумпати користел навредлив и омаловажувачки речник. Веднаш до него, со исто толку обраќања, е поранешниот албански претседател и екс премиер, Сали Бериша, па Таулант Бала и лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша – пишува порталот Албеу.

Ваков речник во три случаи користеле и пратениците Елиса Спиропари и Ермонд Фелај, а на списокот се и Ервин Салиањи, како и лидерката на Движењето за социјалистичка интеграција Моника Круемади (сопруга на шефот на државата Илир Мета), која е позната и по фрлањето со чизми по премиерот Рама во собраниската сала.

Но, според Албеу, има и пратеници кои во изминатата речиси една година не кажале ни збор. Списокот од 17 пратеници кои собраниските седници ги минале како „набљудувачи“ ја предводи Агрон Чела, од Движењето за социјалистичка интеграција, а ги има од сите пратенички групи.

По ланските јунски парламентарни избори во Албанија, Парламентот беше конституиран во средината на септември. Според постојната регулатива пратениците и доколку бидат избрани за членови на Владата тие и понатаму го задржуваат и пратеничкиот мандат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...