Рама: Зошто препораката на ЕК за Албанија не е задолжителна за членките на ЕУ

Тој истакна дека започнувањето на преговори на Албанија со ЕУ ќе и помогне на земјата да продолжи со реформите.

487
ФОТО: EPA/Pawel Supernak

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека неговата земја направила се што се бара од неа за започнување преговори за членство во ЕУ и не може да сфати зошто препораката на Еврпската комисија не е задолжителна за земјите-членки на Унијата.

– Ако одложувањето на преговорите со Албанија можеше да и помогне на ЕУ против растечката моќ на противниците на Унијата и на популистите, тогаш се согласувам. Ние направивме се што ЕУ бараше од нас. Го променивме Уставот заедно со опозицијата која речиси по сите прашања има различен став од Владата, за назначување судиии обвинители- рече Рама во интервју за австрискиот неделник „Профил“.

Тој истакна дека започнувањето на преговори на Албанија со ЕУ ќе и помогне на земјата да продолжи со реформите.

Во врска со проблемот со наркотиците, Рама истакна дека Албанија успешно води борба со плантажите со канабис.

– Кој, пак, се вознемирува од проблемот со наркотиците во Холандија или во Франција. Секогаш не обвинуваат нас Албанците – рече албанскиот премиер за австрискиот неделник „Профил“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...