Албанскиот премиер Еди Рама побара продолжување на вонредната состојба до 31 март 2020 година, по разорниот земјотрес што ја погоди земјата утрото на 26 ноември, а во кој загона 51 лице и е предизвикана огромна материјална штета.
Барањето е доставено до парламентот и за него уште денеска ќе расправа парламентарната комисија за национална безбедност, по што истото најверојатно ќе се најде на дневен ред на седница на законодавнот дом в четврток.
Рама вчера вети дека целиот процес на обнова по земјотресот ќе заврши во 2021 година. Според него, жителите во албанските села погодени од катастрофалниот земјотрес ќе имаат нови домови во текот на 2020 година.
Во видео порака на Фејсбук, Рама вели дека се надева оти дел од жителите од селските населени места Новата 2020 година ќе ја дочекаат во нови домови. Што се однесува до жителите во градовите чии домови исто така беа урнати или оштетени од земјотресот, Рама рече дека процесот на обновата се очекува да заврши до јуни 2021 година.