Рама: Албанија никогаш нема да прифати бегалски кампови, макар и во замена да добие членство

Албанија отфрлa понуда за евентуална изградба на нејзината територија приемни центри за мигранти, кои се упатиле кон држави од Европската унија.

209
ФОТО: EPA/Pawel Supernak

Албанија отфрлa понуда за евентуална изградба на нејзината територија приемни центри за мигранти, кои се упатиле кон држави од Европската унија. Албанија никогаш нема да прифати такви бегалски кампови на ЕУ, па макар и од ЕУ да добие во замена членство, изјави премиерот Еди Рама во интервју за германски „Билд”.

Рама додава во интервјуто дека државата сака да даде свој дел за решавање на тој европски проблем, но, не може да го направи тоа сама.

– Претворањето на Албанија во некаква камена брана за мигранти, кои сакаат да влезат во држави од ЕУ, би било опасно решение, додаде тој.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на ЕП, Антонио Тајани предложија да се сместат бегалци во балканските држави. Темата за мигрантите ќе биде во фокусот на средбата на врвот на ЕУ во Брисел на 28 и 29 јуни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...