Рамадани е убеден дека Косово ќе биде 31-та членка на НАТО

100

Косовскиот заменик-министер за одбрана, Бурим Рамадани е убеден дека Република Косово ќе биде 31-та членка на НАТО, јави дописникот на МИА од Приштина.

Рамадани во интервју за „Епока е Ре“ истакна дека за да ја оствари таа цел Владата ќе ги засили политичките и дипломатските напори.

Тој ја отфрла можноста таксата од 100 отсто што ја воведе Владата на Рамуш Харадинај на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина, на што се спротивстави официјален Вашингтон, да влијае врз добрите односи на Безбедносните сили на Косово (ФСК) со САД.

– Тие две работи не се меѓусебно поврзани. Специјалното стратешко партнерство со САД не е ад-хок, туку е цврсто и опстојно – изјави Рамадани за приштинскиот весник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...