Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) вработува четворица пилоти, раководител на oдделение за специјализирани услуги со воздухоплови и двајца воздухопловни механичари.
За позицијата раководител на одделение износот на платата е 71.980 денари, пилотите ќе добиваат по 62.342 денари, а воздухопловните механичари по 36.163 денари.
Пријавите за огласот може да се достават во наредните осум дена.