Возач на ракетен фрлач „Бук“, тежок околу 30 тони, предизвика паника на улица во Киев откако ја изгуби контролата врз военото возило и удри во зграда.
Инцидентот се случил во сабота навечер за време на проба за парадата по повод Денот на независноста. Во незгодата немало повредени лица, а ракетниот фрлач бил извлечен со помош на камион.
Парадата ќе се одржи в петок во Киев, а на неа ќе присуствуваат околу 4 000 војници. Украинската армија има намера да покаже некои од водечките светски воени иноваци.
Ракетниот фрлач се користи за лансирање на проектили „Бук“ од типот „земја-воздух“. Тој бил суштински дел од арсеналот на советската армија, по што Русија го адаптираше и го подобри.