Разузнавачките агенции не му даваат на Конгресот документи за импичментот за Трамп

130
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Претседателот на комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Адам Шиф, ги обвини американските разузнавачки агенции дека не му предаваат на Конгресот документи што се поврзани со Украина, а можат да имаат суштинско значење за процесот за импичмент на Трамп, пренесоа американските медиуми.

– Се чини дека тие се ставени под притисок од администрацијата – изјави Шиф во емисијата „Оваа недела “ на телевизијата Еј-Би-Си.

Шефот на комисијата за разузнавање е назначен за главен обвинител во процесот за симнување на Трамп од функцијата.

Шиф конкретно ја посочи Агенцијата за национална безбедност, која, според него, не предава важни документи.

– Има знаци дека и ЦИА можно е да тргнала по истиот трагичен пат – додаде тој.

Засега нема коментар од разузнавачките агенции, забележуваат американските медиуми.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...