Европската полициска служба Европол денеска соопшти дека полициските сили од три земји разбиле меѓународна банда која криумчарела кокаин.
Европол наведе дека операцијата, во која учествувале Шпанија, Италија и Аргентина, резултирала со апсење на речиси 50 лица. Се верува дека бандата шверцувала кокаин во Европа со бродски контејнери од Аргентина, Боливија, Колумбија и Перу.
.
Во соопштението од Европол уште се појаснува дека осомничените биле стационирани во Шпанија и Аргентина, каде профитот од наркотици го „переле“ преку недвижности. Во Аргентина властите пребарале повеќе од 60 недвижности и заплениле 350.000 евра, голем број возила и 47 недвижности.
Бандата е осомничена и дека одгледувала и продавала марихуана во јужниот дел на Шпанија.