Шпанската и француската полиција разбија криминална мрежа со седиште во Амиен, северна Франција, за која постои сомневање дека организирала доаѓање на стотици Палестинци во Европа со лажни барања за азил.
Шпанската полиција соопшти дека се уапсени девет лица, пет во Шпанија и четири во Франција, а меѓу нив наводно е и водачот на мрежата.
Операцијата била спроведена во соработка со европската агенција Европол.
Полицијата проценува дека мрежата од април организирала доаѓање со авион на околу 1.200 Палестинци од Блискиот исток, преку Боливија во Мадрид, каде поднесувале „лажни барања за азил“.
Мрежата наплаќала околу 8.000 евра по човек за изработка на лажни патни документи на палестински бегалци во Либан и за организирање на патувањето. Криминалната мрежа на тоа заработила околу девет милиони евра, проценува полицијата.