Радио Франс во штрајк

56

Синдикатите на вработените во Радио Франс протестираат против планот најавен од дирекцијата, кој има за цел да заштеди 60 милиони евра до 2022 година и предвидува меѓу другото укинување меѓу 270 и 390 работни места, јавува дописникот на МИА.

На радио приемниците од рано изутринава каналите на Радио Франс (Франс Интер, Франс Инфо, Франс Култур, дел од мрежата на Франс Блу) се емитува нивната позната плејлиста наместо вообичаените програми.

Според Националната унија на новинари (СНЈ), „повеќе од три четвртини од вработените во Радио Франс се во штрајк“. Меѓу нив, „90 отсто од новинарите од Франс Интер, каде што не беше емитувана „ниту една утринска емисија”. Синдикатот, исто така, објави  дека утринската програма на Франс Инфо беше силно нарушена, исто како и во 37 од 44 локални радио канали на Франс Блу.  Мобилизазцијата е голема и кај администрацијата на Радио Франс, каде во штрајк се  85 отсто од вработените.

Планот кој го предизвика штрајкот, беше објавен на почетокот во јуни од страна на претседателката на групата, Сибил Веил, со него треба да се оствари заштеда од 60 милиони евра до 2022 година, следејќи ги препораките на Ревизорскиот суд. Тој го предвидува падот на учеството на државата во финансирањето на Радио Франс  (помалку од 20 милиони евра во текот на четири години) и зголемување на трошоците на персоналот. Планот „Радио Франс 2022“, исто така, планира да се инвестира повеќе во дигиталната технологија. Пред десет дена, Сибил Веил. Објасни дека за ова ќе бидат потрошени 20 милиони евра за да се „изгради француска аудио дигитална платформа, на која ќе се комбинираат квалитет на содржините и различност на понудите“.

Како резултат на тоа, се предвидува реорганизација на работните места, за да се избегне користењето на договорите за определено време. Тоа треба да доведе до елиминација на 270 работни места ако вработените се согласат да преминат неколку недели на одмор, или 390 ако не постои договор со синдикатите.

Синдикатите бараат „повлекување на овој опасен и деструктивен план”. Во 2015 година, Радио Франс доживеа историски штрајк во траење од дваесет и осум дена

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...