Во Мелник, Бугарија од 28 до 30-ти јуни се оддржа 20-та традиционална манифестација „Мелнички поетски вечери“ на која учествуваа познати поети од балканските држави.
На овој значаен книжевен фестивал, на македонскиот поет Раде Силјан му беше доделена престижната меѓународна награда за целокупното негово творештво и за големиот придонес во развивањето на јужнословенските и балканските литературни и културни врски.