Работниците од трети земји мора да научат словенечки ако сакаат да работат

520

Странските работници од трети земји, кои не се членки на ЕУ, во Словенија ќе го изгубат правото на надомест за невработеност и ќе бидат избришани од евиденцијата на Заводот за вработување доколку во рок од една година не ги научат основите на словенечкиот јазик, се наведува во владиниот предлог-закон.

Како што наведува порталот „Журнал24“, во словенечкиот завод за вработување евидентирани се над 7.600 странци од трети држави, а голем дел не ги познаваат ниту основите на словенечкиот јазик.

Странците, во рок од 12 месеци по пријавувањето во заводот за вработување ќе мора да докажат основно знаење на јазикот или ќе бидат избришани од евиденција, пренесува Хина.

Министерката Ксенија Клампфер изјави дека цел на предложените законски измени е поголема интеграција на странските работници на словенечкиот пазар на труд.

Кон крајот на минатата година во словенечките заводи за вработување биле пријавени 7.653 лица од трети држави, меѓу нив најголемиот дел од БиХ, Косово, Северна Македонија и Србија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...