Амбасадорот на Северна Кореја при ОН, Ким Сонг синоќа порача дека САД би требало да ги преразгледаат последиците врз односите на двете земји, што ги нанесува заплената на севернокорејски брод од страна на американските власти во мај минатата година.
– Заплената на бродот претставува ужасен чин, што има за цел да изврши максимален притисок врз Северна Кореја и да ја натера на потклекне – изјави Ким.
Според него, со постапката на САД се „поништува атмосферата“ воспоставена на средбата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп во јуни 2018 година.
Американските власти во мај минатата година запленија севернокорејски брод под обвинение дека ги крши меѓународните санкции кон Пјонгјанг. Бродот веќе една година се наоѓа во Индонезија