Пченицата од годинашниот род ќе се складира на државна сметка

200

На владина седница денеска беше усвоен предлог законот за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштвото за производство на производи со посебна намена 11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп.

На владината седница е донесена Предлог – програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, во којашто се предвидени мерки за поддршка на земјоделството и за обештетувања. Станува збор за поддршка на доходот за земјоделските стопанства, директни плаќања за растително и за сточарско производство, како и за државна помош на земјоделството за премии и осигурување, за заштита на земјоделско земјиште, за помош во сточарскиот сектор, за финансиска поддршка за складирање пченица од домашно производство од род од 2019 година, за помош за поддршка на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација, дополнителна помош за продадено-неисплатено винско грозје во период од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, заостанати обврски по мерки од програмите за финансиска поддршка на земјоделството од 2009 – 2018 година.

Донесена е и Предлог програма за капитални субвенции за центри за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...