Пчеларите ги добија субвенциите

268

Вкупно 3.820 лица кои одгледуваат и имаат презимени пчели добија 164.965.600,00 денари субвенции преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

– Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по пчелно семејство, односно 800 денари за оние земјоделски стопанства со пријавен број на пчелни семејства за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства, посочуваат од АФПЗРР.

Директорот на Агенцијата, Николче Бабовски вели дека корисници се земјоделски стопанства кои имаат минимум 35 регистрирани презимени пчелини семејства.

Од Агенцијата истакнуваат дека исплатата на субвенциите ќе продолжи и во иднина и оти финансиска помош ќе добијат сите оние кои ги исполнуваат условите.

– Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно, пред почеток на новата реколта. Оваа Влада, од почеток на мандат до денеска, исплати финансиска поддршка од околу 386 милиони евра за развој на агро – секторот, нагласуваат од Агенцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...