Путин ќе го укинува задолжителното служење воен рок

131
ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека порано или подоцна повикот за служење воен рок ќе стане минато.

Тој смета дека професионалната војска е потребна поради сложеноста на воената техника и задачите кои се наоѓаат пред неа.

Сепак, Путин забележал дека некои држави не преминале целосно на професионална војска, бидејќи војниците секогаш имаат задачи кои не бараат големи квалификации.

Одговарајќи на прашањето дали е предвидено одложување на повикот за војска за млади експерти кои работат во веселенската сфера, шефот на руската држава потсети дека Министерството за одбрана има научни единици и специјални центри во кои тие можат да служат, без губење на квалификациите. Тој нагласи дека на такви должности доаѓаат пет луѓе за едно место.

Путин потсетува и дека воениот рок во Русија моментно е минимален

Фото: EPA/PAVEL GOLOVKIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...