Рускиот претседател Владимир Путин ја прифатил поканата да ја посети Србија, потврд во Белград амбасадорот на Руската Федерација Александар Чепурин на состанокот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Времето на посетата не е прецизирано, но белградските медиуми наведуваат дека „Путин на есен доаѓа во Србија“.
Претседателот на Србија го оценил одговорот на Путин, кој денеска му го пренел Чепурин, како „голема чест за Србија“ и „потврда на традиционалните пријателски српско – руски врски“, соопшти кабинетот на Вучиќ.
Амбасадорот, како што пренесуваат српските медиуми, му се заблагодарил на претседателот Вучиќ на „високото ниво на билатералните односи“, и претстојната посета на Путин на Белград ја оценил како „израз на желба и намера на Москва да работи на продлабочување на соработката на двете земји“.
Се очекува за време на посетата на рускиот претседател Путин на Србија, да бидат потпишани повеќе договори кои ќе овозможат по конкретна соработка меѓу Србија и Русија.