Путин: Целиот свет ќе биде погоден ако САД и Кина не го решат спорот

110
ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN

Целиот свет ќе биде погоден ако САД и Кина не најдат начин за излез од трговскиот спор, рече рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција по состанокот со италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Тој додаде дека е неопходно да се напушти практиката на политички мотивирани рестрикции.

– Целата светска економија ќе биде погодена, глобалната трговија ќе падне за 17 отсто до 2024 година, а светскиот БДП за два отсто, тоа ќе биде лошо за секого – рече Путин.

ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...