Не знам со какво оружје ќе се води Третата светска војна, но Четвртата ќе се води со стапови и камења, изјави денеска претседателот на Русија, Владимир Путин во традиционалната годишна програма „Директна линија со рускиот претседател“.
Тој смета дека евентуална Трета светска војна би имала најпогубно влијание врз човештвото.
– Немаше глобални судири бидејќи во светот има стратешки паритет. Без оглед колку тоа звучи непријатно – стравот од меѓусебно уништување ги спречувал и присилувал воените сили меѓусебно да се почитуваат, нагласи Путин.
Тој вели дека е време да се седне на преговарачка маса и да се направи модерна шема на европската и меѓународна безбедност.
Путин се воздржа да одговори кога осносите на Русија со Западот може да се подобрат, истакнувајжи дека Москва мора да ги штити своите интереси.
– За Русија е јасно дека мора да ги заштити своите интереси и тоа постојано да го прави без груби и необични методи, но мораме да ги заштитиме нашите интереси во економијата и безбедноста, рече Путин.