Путин: Тереза Меј нема друг избор освен да го реализира Брегзит

318
ФОТО: EPA / PETE SUMMERS

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека британската премиерка Тереза Меј нема друг избор освен да го реализира Брегзит и да избегне втор референдум по тоа прашање, во спротивно ќе биде поткопана довербата во британската демократија.

– Во однос на Брегзит и негова целосна реализација, можам да ја разберам позицијата на премиерката. Се одржа референдум. Што може таа да направи? Таа е должна да ја исполни волјата на народот, која беше изразена на референдум, во спротивно тоа не е никаков референдум – истакна Путин на својата годишна прес-конференција во Москва.

Тој додаде дека односите меѓу Русија и Велика Британија се наоѓаат во слепа улица, но Москва би сакала да ги извади од сегашната ниска точка, надевајќи се дека ќе преовлада здравиот разум.

Путин нагласи дека „Брегзит ќе се одрази врз целата европска и светска економија, но влијанието врз Русија ќе биде минимално и индиректно“.

ФОТО: EPA / PETE SUMMERS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...