Путин со подморница расгледуваше остатоци од потоната подморница од Втората светска војна

103
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на вчерашната посета на Балтичкиот остров Хогланд, од една мала истражувачка подморница ( батискаф), на дното во Финскиот залив, ги разгледуваше остатоците  од друга потопена подморница, јавија руските медиуми.

Тој со стручњаците ја разгледа потопената подморница ССЦЦ-308 што потонала во Втората светска војна, пренесоа неколку руски медиуми.

Еден нуркач постави комеморативна плоча на остатоците од подморницата и на тој начин им одаде почит на 40-те членови на екипажот што погина во октомври 1942 година.

– Го правам ова затоа што нашите луѓе работат насекаде – во воздух, под вода и под земја – рече Путин по обиколката на подморницата, што траеше околу 1,5 час, наведуваат руските емдиуми.

Путин кажа дека можел да ја види потопената подморница од сите страни и сакал подобро да го разбере работењето на оние кои секојдневно ги рескирале своите животи

Ова не беше прво патување со подморница на рускиот претседател.

ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...