Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин ги следи протестите на опозицијата во Москва, но не верува дека тие се доволно важни.
Портпаролот Дмитриј Песков во првата официјална изјава за протестите истакна дека Путин не зборува за нив, бидејќи не смета дека постои нешто „исклучително“.
Песков ги отфрли наводите дека протестите го турнале Кремљ во политичка криза, оценувајќи дека одговорот на полицијата кон собирите бил „пропорционален“. Тој додаде дека полицијата ги истражува наводите за употреба на сила врз мирните демонстранти.
Во Москва три викенди по ред се одржуваат протести на опозицијата, а собирот во саботата се смета за најголем во последните осум години.
Photo: EPA / ANATOLY MALTSEV