Путин пушти гасовод што ги премостува ЕУ и НАТО ВИДЕО

1022

Рускиот претседател Владимир Путин во Калининград пушти во упоптреба гасовод, што ги премостува ЕУ и НАТО.

Путин во стратегиски важната поморска база на Балтичкото Море, во енклавата Калининград , отвори нов терминал за гас, што ја премостува Литванија, членка на ЕУ и НАТО.

Трансферот на гас ќе се врши од танкерот „Маршал Василевски”, што потоа ќе се преработи на терминалот и со помош на понтонски мост ќе се префрли во градската гасоводна мрежа, на пет километри од брегот.

До сега целиот овој регион се снабдуваше со гас, кој поминуваше низ гасовод преку Белорусија и Литванија.

Според Путин, иако овој систем е поскап, нема ризик при транаспортот и снабдувањето на калининградската област.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...