Путин поднесе предлог закон за функцијата заменик претседател на Советот за безбедност

169
ФОТО: EPA / EVGENIA NOVOZHENINA / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин поднесе денеска до државната Дума предлог закон за воспоставување на функцијата заменик претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација.

На тоа место претходно беше именуван довчерашниот руски премиер Дмитриј Медведев.

Според предлог законот, заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност го назначува и менува шефот на државата, кој ги одредува и неговите овластувања.

Путин денеска, исто така, потпиша декрет за вклучување на новиот премиер Михаил Мишустин во рускиот Совет за безбедност.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...